Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните

 

 

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска вонредно заседавалапоради бројката на новозаразени и починати, велат од партијата.

 

-Комисијата заклучи дека ситуацијата во Македонија е алармантна и Македонија го доживува вториот пик. Со оглед на големата бројка на новозаразени во едно деноноќие, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со корона вирусот. Во контекст на ова Комисијата смета дека воопшто не се познати кластерите како што велат надлежните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Комисијата на партијата заклучила дека мора итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега