Заев: Мицкоски го поткопува справувањето со пандемијата како што ги поткопуваше напорите за членство во НАТО
Точно пред три години беше формирана владата предводена од СДСМ, рече лидерот Зоран Заев кој се пофали со резултатите кои ги постигнале. Тој, истакна дека земјата исполнила две од стратешките определби.
– Пред 3 години јас и СДСМ ја пресзед одговорноста да ја водиме джавата. Денес сетојам со крената глава пред вас. Остваривме две од стратеѓшки цели, станавме 30-та земја член на НАТО и добивме одлука за почетопк на преговорите со ЕУ. ја вративме демократијата во земјава. За две и пол години број на вработ го зголем за над 67.000, ги покачивме платите на два пати, ја покачивме минимална плата, ги зголемивме и пензиите – рече лидерот на СДСМ.
Тој додаде дека за три години ја извадиле земјата на прав пат. Тој рече дека сите ја паметиме нашата држава пред 2017 година, дека таа била изолирана и нестабилна и дека режимот правел сѐ да не се восопстави демикратска власт.
– Не успеаја да ја втурнат државата во граѓанска војна. Составивме демократска влада, влада на граѓаните. Денес С. Македонија е препознаена како сојузник во регионот и во светот. Кога ја преземавме власт немаше економски напредок. Ја кренавме економијата во плус – рече Заев.
Тоа се факти што се проверливи, Во приватен сектор се вработија повеќе граѓани.
Тој ги критикуваше ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека како што немале сојузник во нив во време на решавањето на тешките прашања со соседите, така ниту сега немаат сојузник во битката прортив пандемијата.
– За жал немавме сојузник во ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски покажа дека нема ниту став ниту зрелост за националните интереси. Видовме само слепо служење на Никола Груевски. Мицкоски не покажа зрелост ни за проблемот со пандемијата. Тоа граѓаните ги знаат. Но ние продолжуваме напред. Ниту една опструкија од Мицкоски нема да не запре. За жал како што Мицкоски се обидуваше да ги поткопа напорите за членство во НАТО, сега се обидува да ги поткопа напорите за справување со пандемијата. Наќе Чулев дозволи непочитување на мерките и го загрози здравјето на граѓаните. Но здравствените институции ќе се справат со оваа ситуација – порача Заев.
Според него, Владата и здравствените власти „на нозе го дочекавме справувањето со ковид -19“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа