Заев: Утринава и премиерот Спасовски беше тестиран за коронавирус

На прес конференција, претседателот на СДСМ Зоран Заев потврди декаа Сања Лукаревска и Мухамед Зекири се позитивни на коронавирусот.

Тој рече дека во само изолација се и Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Маријан Забрчанац и Славјанка Петровска кои имале контакти со заболените.

-Утринава беше тестиран и премиерот Оливер Спасовски и се чекаат резултати кои јавно ќе бидат објавени штом бидат готови, а какви и да бидат одлуките и препораките на експертите тие ќе бидат почитувани- рече Заев.

Заев ппотенцираше дека во СДСМ се почитуваат сите протоколи за заштита од коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега