Мицкоски: Денешната бројка предупредува за втор бран - неопходно е консолидирање на системот
Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски вели дека денешните бројки од 62 новозаразени предупредуваат дека имаме работа со втор бран на заразата и потребно е итно консолидирање на системот.
-Неопходно е итно консолидирање на системот. Бројката од 62 новозаразени од Ковид-19 предупредува дека имаме работа со втор бран и Комисија за заразни болести која делува под политички диктaт. Не е време за партиски конфликти, туку робустна акција за заштита на здравјето на граѓаните. Одговорноста подразбира и лидерство. Здравјето мора да биде заштитено, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Неопходно е итно консолидирање на системот. Бројката од 62 новозаразени од Ковид-19 предупредува дека имаме работа со...
Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, 31 May 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа