ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски повикува на избори на 5 јули, во денови кога броиме и над 50 заразени, тоа значи дека тие се виновни за секој нов случај
Оливер Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на заразата со над 50тина заразени. Тоа значи дека Спасовски и Заев се директно одговорни за секој заразен и починат човек поради заразата со Ковид, затоа што тие нешто заштита на здравјето, паметот им е во фотелјите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изјавата на премиерот Оливер Спасовски.
Според партијата поголема зараза од Ковид, е заразата на, како што се вели во реакцијата, лудилото наречено Заев-Спасовски кој ја втурнува државата во изборна кланица.
-Заев и Спасовски стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите. Во оваа држава приоритет број еден мора да биде здравјето на граѓаните. Лошите резултати со кои се соочуваме денес, се последица на лошото менаџирање во текот на изминативе 3 месеци, Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев и наместо да работат самостојно беа само извршител на диктатите и политички желби на Зоран Заев. Со СДСМ државата оди кон здравствена катастрофа. Потребна е итна стратегија за излез од хаосот во кој не втурна СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа