Мицкоски: Непријатно е во вакви услови да се зборува за избори

 

Од власта да престанат да лицитираат датуми за избори затоа што приоритет број еден е здравјето на граѓание и заштитата на стандардот и ништо друго. Мора да се носат одлуки, кои нема да бидат под имресија на тесногради интереси, туку како последица на разум и мудрост, рече денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прашан за изборите, Мицкоски рече дека непријатно е да се зборува за датум за избори во услови кога во земјава има рекорден број на новозаболени, почетотоци на втор бран од коронавирусот и на дневна основа има по неколку мртви. Додаде дека мора да научиме да живееме со овој вирус, но, како што рече, кога на дневна основа ќе имаме само по неколку заразени и без смртни случаи. Тој рече дека ќе стори се, како политичар, граѓанини и професор да се бори и да се справи на најдобар можен начин со оваа пандемија што не зафати.

Смета дека има несериозни луѓе во Владата за, како што рече, да се справат со сето ова што не зафати изминатите месеци.

-ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се случат тие. Математиките, диктатот и исполнувањето на желбите на Заев преку Спасовски се надвор од фокусот на вниманието на ВМРО-ДПМНЕ и во овој момент се чувствувам непријатно за да зборувам за било каков датум за одржување избори кога се уште броиме мртви и новоинфицирани на дневна основа, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека очекува откако ќе се донесе одлуката за вонредна состојба дека ќе има брифинзи каде ќе се вели дека изборите ќе бидат на 5 јули.

-Тоа значи дека таман се направени овие 14 дена за да тие се повикаат на тие 22 дена кои што викаат дека се доволни според ДИК и да речат еве на 5 јули ќе имаме избори, рече Мицкоски. Место да се зборува за мерките, сега, како што рече, ќе се занимаваме со тоа ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори, а СДСМ бил тој кој ќе оди на 5 јули на избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ако има нова лидерска средба би учествувал за да разговара за иднината на државата и за здравјето на граѓаните.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.05.2020 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега