Мицкоски: Мерките против корона кризата се укинаа по препорака на Комисијата за заразни болести водена од политичарот Караџовски
Жалам што трагедијата и фијаското што се случува со ширењето на заразата Зоран Заев ја сведува на обична дневнополитичка пресметка, во ситуација кога дневно се заболуваат над 50 луѓе, а бројката на починати расте, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Мерките против корона кризата се укинаа по препорака на Комисијата за заразни болести водена од политичарот Караџовски, а одлуката е донесена од владата на Заев и Спасовски. Мнозинството во таа влада е на Зоран Заев и СДСМ. Тие сакаат да претстават дека јас и ВМРО-ДПМНЕ сме власт само за да се амнестираат од сопствената одговорност за погрешните одлуки и проценки- напиша Мицкоски на фејсбук.
Тој додаде дека министерот Наќе Чулев е врвен професионалец кој, како што рече, работи согласно одлуки на Владата, спроведува закони и ги штити граѓаните.
-Вие треба да објасните зошто толку драматично го сменивте мислењето од 7 мај кога сакајќи да се додворите напишавте дека полицијата покажа готовност, професионалност и пожртвуваност. Не го потценувајте народот, ваквото менување на реторика на 5 минути до 12 часот, претставува ново салто мортале на СДСМ. Добро знаеме што зборувавте- истакна Мицкоски.
Навистина жалам што трагедијата и фијаското што се случува со ширењето на заразата Зоран Заев ја сведува на обична...
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 29 May 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа