Димовски по високиот број на новозаразени: Чувајте се сами, повеќе нема држава да се грижи за вас

 

Пратеникот Илија Димовски е еден од првите опозиционери кои реагираа негативно по претпладневната објава на бројот на новозаболени од корона вирусот во текот на последните 24 часа.

„Состојбата е драматична, а станува трагична… Пазете се сами, повеќе нема држава што ќе се грижи за вас… (таа очигледно има други приоритети) Составете си листа на мерки што сами ќе ги почитувате“, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук.

Од Комисијата за заразни болести потврдија дека бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 изнесува 58, што и можело и да се очекува, особено по укинувањето на рестриктивните мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега