ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособното владеење на СДСМ во овие три години нема капитални инвестиции
Единствена капитална инвестиција во овие три години е зголемувањето на имотот на Заеви и нивните соработници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение од СДСМ.
„Ветуваа автопатишта од 600 километри, а не направија ниту еден километар автопат.
Три години не им текна на капитални инвестиции, но им текна да лажат сега пред да си заминат од влсаст.
Не се способни ни да го одржуваат тоа што го изгради ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од СДСМ.
Со СДСМ на власта граѓаните добија хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија. СДСМ и Заев никогаш повеќе„ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа