СДСМ: Покажавме како се работи домаќински и одговорно и како се гради по план
СДСМ во изминативе речиси три години покажа како се работи домаќински и одговорно и како се гради по план, велат преку соопштение од СДСМ.
Од партијата велат дека капиталните проекти продолжија со изведба со забрзана динамика и за време на кризата предизвикана од коронавирусот
„За помалку од три години рехабилитиравме повеќе од 750 километри патишта.
Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци - Штип, а во моментот се градат и експресните патишта, Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковце - Крива Паланка.
Истовремено, се рехабилитираа и постоечките патни правци: Штип-Радовиш, Крупиште-Пробиштип, Кочани-Македонска Каменица, Делчево- Граничен премин со Бугарија, Ранковце-Крива Паланка, Куманово-Свети Николе.
За првпат по неколку децении изграден е мост на реката Брегалница, а наскоро започнува изградба на браната Отиња.
Измината година и годинава, нашата земја, во услови на корона криза, заврши 80% од магистралната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.
Интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што се обезбедени 100 милиони евра за сите општини во земјата.
Во идниот период продолжуваме и со рехабилитација на 1.500 километри патна инфраструктура и изградба на автопатишта, експресни и локални патни правци.
Кризата ни покажа од колкава важност е патната инфраструктура и за да се спаси човечки живот.
И токму затоа остануваме фокусирани на изградба на модерна, брза и ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата држава“ се вели во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа