Муцински: За одредување на датум за избори потребен е целосен консензус исто како кога се одложуваа
За ВМРО-ДПМНЕ државниот интерес и здравјето на граѓаните се главни приоритети при договарањето на новиот датум за одржување на парламентарните избори, вели Тимчо Муцунски кој е кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во емисијата “Патот кон“ на Алсат телевизија истакна дека во Македонија треба да надвладее една култура на постигнување на компромис, и дека тој компромис треба да се постигне и при одредувањето на датупот за избори. Датумот за избори треба да се одреди на истиот начин на кој што истите беа и одложени.
– Повеќе од потребно е да се воспостави консензус. Не е наше да лицитираме со датуми за избори, наше е да веруваме дека ќе надвладее една култура на компромис во нашето општество. И дека на начинот на кој што се договорија изборите на 12 април, на начинот на кој што се одложија изборите заради појавата на пандемијата, на еден ист таков начин сите политички субјекти ќе се однесуваат разумно, рече Муцински.
Муцински истакна дека на тој како кандидат за пратеник ништо не би му значело позицијата пратеник во македонското Собрание ако со учеството во изборниот процес му наштетил на здравјето, макар и на еден граѓанин.
– Ние сме кандидати за пратеници, но на мене ништо не би ми значела позицијата пратеник во Собранието доколку со учеството во еден таков изборен процес сум наштетил на здравјето на најмалку еден граѓанин во нашата земја. Разумното однесување е тоа што ќе не однесе до утврдување на изборен датум кој што ќе биде одржлив и кој што ќе може, сите релевантни политички сибјекти да го поддржат, констатираше Муцински.
Не треба да има непромислени потези, додаде тој, кој што можат да влијаат негативно на евро интеграцискиот пат кои што можат да влијаат негативно економијата, кој што можат да влијаат дополнително негативно во создавањето на една нова политичка и уставна криза. Таквите непромислени потези треба се избегнат и сите треба да се однесуваме здраво разумно за наоѓање на решенија кои, во прв и преден план ќе го стави здравјето на граѓаните и интересот на државата, додаде Муцински.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа