Зеќири: СДСМ е за избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители потребни ни се целосно функционални институции
СДСМ сака брзи избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители, и ВМРО-ДПМНЕ, за да ги поразиме на изборите, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири, во гостувањето во ТВ24.
Тој нагласи дека СДСМ нема отстапено од своите позиции, за одржување на избори по укинувањето на вонредната состојба, кога со почитување на уредбата на владата почнуваат да течат 22 дена до одржување на избори.
- Има комуникација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и се надеваме дека ќе биде постигната согласност за заеднички датум за одржување на избори, рече Зеќири.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори и погрешно ја толкува уредбата на владата со која беа замрзнати изборните дејствија.
- Да се вратиме наназад, по недобивањето на датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДСМ предложи избори во декември, ВМРО-ДПМНЕ сакаше во април, ние тоа го прифативме, потоа дојде короната и изборите беа замрзнати, предложивме собранието повторно да се свика, вие одбивте, сега ние немаме парламент и сега што треба да правиме...рокот постои, ајде да одиме на избори, порача Зеќири.
Треба да ги почитуваме законите и Уредбата со законска сила, на државата и се потребни функционални институции, за да може да преземат се што е потребно, истакна потпртеседателот на СДСМ Мухамед Зеќири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа