Британски научници: Спортот е најголем виновник за ширењето на коронавирусот

 

 

 

 

 

Спортските настани се главна причина за ширењето на коронавирусот, сметаат научниците во Велика Британија.

 

Според тамошниот епидемиолог, Тим Спектор, незапирањето на спортските настани придонеле да се појави огромен број на заразени во таа земја. На прво место е означен натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид на Енфилд.

 

Истовремено, како еден од виновниците се потенцира и коњичкиот фестивал Челтенам, каде присуствуваа 250.000 посетители.

 

-Откако се случија овие два настани бројот на пациенти се зголеми за неколку пати, тврди Спектор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега