ВМРО-ДПМНЕ: Заев принудува избори и посакува кланица, дневно имаме и по 25 заболени и 3 жртви

 

 

Бројот на жртви и новозаразени од Ковид-19 оди директно на совеста на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека сите статистики покажуваат од Македонија најлошо се справува со кризата во регионот.

 

- Само денеска има три нови жртви, и 25 новозаразени. Во едни вакви услови Зоран Заев принудува избори, ризикувајќи го здравјето на граѓаните. Зоран Заев сака избори каде наместо гласови ќе се бројат жртви од корона. Ова е врвот на неговата некрофилска политика. Наместо изборен натпревар Заев посакува изборна кланица. Ова оди на совеста на Зоран Заев. Кај овој човек нема никаков разум ниту совест.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега