ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска наместо да преземе одговорност лиферува со дрски соопштенија за лична дискредитација

 

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска упорно се крие и избегнува одговорност за своите постапки пред Македонската јавност, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Во недостиг на аргументи и одговори на упатените прашања и сомневања од страна на Драган Ковачки во јавноста, таа уплашено се обидува да се скрие зад т.н. соопштение на Секторот за комуникации, аналитика и оперативна поддршка на Министерството за одбрана. И се ќе беше во ред доколку не ги познававме вистинските професионалци кои работат во овој сектор кои во моментот се заменети со партиски мегафони во министерството задолжени да го бранат ликот и делото на Радмила Шеќеринска.

Од Министерство зад кое што треба да се обединат сите граѓани, Шеќеринска успеа да направи партиски пропаганден центар на СДСМ кој што треба да ја шири розевата слика на Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и останатите функционери на СДСМ во власта.

А сето тоа наспроти суровата вистина на уназаден безбедносен систем кој што секојдневно се деградира со актуелните постапки на Шеќеринска во министерството. Прашањата кои ги тиштат припадниците на АРМ вешто се избегнуваат по секоја цена од нејзина страна. Наспроти тоа се лиферуваат дрски соопштенија од името на Министерството за одбрана кои имаат за цел дискредитација на лична основа без вистинско суштинско објаснување на проблемите. Ваквите т.н. реакции со кои се прави обид да се наруши угледот на еден припадник на АРМ на висока армиска позиција на лична основа дополнително го нарушуваат угледот на Министерството за обрана. 

 

Ваквата пракса на газење по личноста на висок армиски офицер во Македонската армија многу бргу ќе биде минато со заминувањето на Шеќеринска од Министерството за одбрана после парламентарните избори во Македонија.“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега