За една година абортирала двапати- познатата актерка откри што ја натерало на тоа
Актерката Алиса Милано, која е позната по една од главните улоги во серијалот „CHARMED“, откри дека уште во 1993 година, дека имала два абортуси.
Алиса имала 21 година и вели дека се заљубила за прв пат тогаш и за неа тоа било голема работа. Таа додава дека користела контрацептивни таблети, но дека забременила и не знаела што да прави.
„Беше ужасно, јас пораснав во католичко семејство и таму се случи судирот со верата“, рече Алис, додавајќи дека не била подготвена да стане мајка и дека нејзината кариера е прва.
“Тоа беше мојот избор и според мене тоа беше исправно. Јас навистина не сакав да го сторам тоа, но морав да го сторам ”, рече 46-годишната Алис. Актерката подоцна призна дека истата година повторно забременила и повторно ја донела истата одлука.
Алис, без оглед на тоа што велат другите, додаде дека не жали за секоја одлука, затоа што сега не би имала прекрасни деца, кариера и никогаш не би била слободна да биде таква каква што е. Сега е среќно мажена со Дејв Буглиари, од кого има две деца, седумгодишниот син Мило и четиригодишната ќерка Елизабета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа