Од денешните новозаболени со коронавирусот, шест се од општина Бутел

Во Скопје денеска се регистрирани 14 нови случаи позитивни на коронавирусот, од кои шестмина се од скопската општина Бутел, потврдуваат од Министерството за здравство, пренесува „А1он“.

Двајца од новорегистрираните се од Чаир, а по еден случај има во Карпош, Кисела Вода, Студеничени, Ѓорче Петров и Арачиново.

Скопје во моментов има 210 активни случаи на Ковид-19. Според последните статистики, најголем дел се од Сарај, Гази Баба, Чаир и од Аеродром.

Куманово, Прилеп, Тетово и Велес се останатите четири градови, освен Скопје, каде што се уште има поголем број заболени лица од коронавирусот.

 

Во последните 24 часа направени беа 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје -14, Куманово – 2, Штип – 4, Прилеп – 1, Тетово – 2, Струга – 1, Велес – 1.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега