Завршиле зад решетки поради предолга коса

Поради „прекршување на муслиманските закони“, исламската верска полиција од нигерискиот град Кано вчера упасила повеќе лица.

Меѓу уапсените имало трансвестити, како и лица кои носеле „несоодветна облека, која е прекуса или премногу открива и во неа јавно парадирале“. Покрај ова, потшишани се и неколку мажи за кои е проценето дека имаат „предолга коса“.

Овие апсење се во рамките на капањата за примена на исламските закони кои официајлно важат во девет од 37-те сојузни држави во Нигерија.

23.10.2013 - 10:47

најчитано сега