Марија Погребњак и целото нејзино семејство се заразени со коронавирус - се огласи и ги опиша симптомите

 

Поранешниот фудбалер на Фулам, Русинот Павел Погребњак е хоспитализиран со пневмонија предизвикана од корона вирусот, потврди неговата сопруга. 36-годишниот ветеран, кој моментално игра за рускиот клуб Урал Екатерингбург се разболел во петокот.

„Мојот сопруг уште е во болница. Има температура и кашлица, која подоцна се разви во пневмонија“, вели неговата сопруга, ТВ-ѕвездата Марија Погребњак-Шаталова.

Погребњак беше фудбалерот кој постигна најбрзи пет гола во историјата на Премиер лигата со Фулам, пред да помине три сезони со Рединг. Тој во кариерата играше и за Спартак Москва и Динамо Москва, како и во Бундеслигата во Штутгарт, а има и 33 настапи за руската репрезентација.

Марија мисли дека со вирусот прв се заразил нејзиниот сопруг кој неодамна патувал во Јекатеринбург, каде им се придружил на соиграчите на тренинзите.

„Јас не чувствувам мирисите, телото ми го зафати слабост, а грлото ми е толку натечено што не сум во состојба да испијам ни вода. Најстариот син ужасно кашла, па докторите му препишаа Сумамед. Покрај сето тоа и повраќа“, напишала Марија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега