Српската пејачка се збогуваше од фудбалерот кој се самоуби вчера: „Мирно спиј, сонце мое“
Српската пејачка Ивана Станиќ, девојка на фудбалерот Милјан Мрдаковиќ, кој изврши самоубиство во нивниот изнајмен стан, се збогува од момчето преку социјалните мрежи.
Станиќ, која инаку учествуваше во реалното шоу Малдиви, објави фотографија од фудбалерот со порака: „Мирно спиј, сонце мое“.
Некогашниот фудбалски репрезентативец на Југославија Милјан Мрдаковиќ наводно изврши самоубиство во изјмениот стан во Белград во петокот вечерта, а на морничавата сцена присуствувала и пејачката.
Мрдаковиќ, наводно со зборовите „не можам веќе“ станал од кевет и земал пиштол. Ивана избегала и повикала полиција. Кога дошле го затекнале телото на мртвиот фудбалер. Мрдаковиќ со пиштолот пукал директно во својата глава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа