Влада: Лицата кои при влез во земјава ќе приложат негативен тест за коронавирус наместо во државен карантин ќе одат во домашна самоизолација

Доколку лицата вратени од странство со хуманитарни летови или конвои во последените 72 часа пред да влезат на територија на Република Македонија, имаат направено ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19, наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

Како што соопшти владината прес-служба ова е предвидено со изменета и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои донесени на денешната седница на Владата.

-Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, соопштија од Владата на РМ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега