Арсовски: На избори ќе се оди кога ќе се исполнат условите кои Мицкоски ги предложи на првата лидерска

 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во гостувањето во „Само вистина“ истакна дека СДСМ не е фактор за да си игра и да уценува со здравјето на граѓаните за да се одржат изборите.

-Претседателот Мицкоски во своето јавно излагање го сподели ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа прашање за изборите на 21 јуни, кој и да е датум во јуни што планираат од СДСМ. Морам уште еднаш да потенцирам јавно, иако граѓаните веќе го имаат слушнато тоа од мене и од мојата матична партија СДСМ повеќе не е фактор да уценува и да си игра со здравјето на граѓаните, со чувствата на граѓаните“, истакна Арсовски.

Вели дека СДСМ не е фактор бидејќи тие се единствените кои што во моментов сакаат да одат на избори во време кога параметрите кои се изнесуваат од власта покажуваат дека нема услови за избори.

-Првата вонредна состојба во Република Македонија од страна на државниот врв е прогласена на 18-ти март. На 17-ти и 18-ти март веќе се одлучува да изборите бидат одложени. Мислам дека и во СДСМ заборавиле но ќе ги потсетам дека на 18-ти март имаше само четворица новозаболени од корона вирусот. И тогаш беа одложени изборите. Сега во моментов, денеска гледаме дека има 40 новозаболени притоа тогаш немало починати тој ден кога се одложиле изборите, а денес има еден починат, вчера четворица. Затоа очигледно е дека таму се работи за една офанзива која што сакаат да ја наметнат во јавноста дека треба да се оди на избори, единствено за да се обидат да го намалат поразот кој ги следи, потенцира Арсовски.

Според него,на избори ќе се оди кога ќе се исполнат условите на правата лидерска средба предложени од Мицкоски. Условите беа Комисијата за заразни болести да излезе да каже дека може да се одржат избори., ОБСЕ/ОДИХР, ДИК да излезе со свое мислење и да се усогласи датум за избори со консензус.

Арсовски потсети дека во Македонија има најголема смртност од корона вирусот во регионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега