Заев: Ако сака Мицкоски нека биде дека јас го донесов вирусот од Кина, но да одиме на избори
СДСМ не се откажува од предвремените избори и смета дека е можен договор додека трае вонредната состојба. Заев повикува на избори бидејќи смета дека на тој начин државата ќе добие сигурни институции и ќе биде стабилна за да може да се справи со сите проблеми.
„Еве, ако сака Мицкоски, нека биде вака, јас нека сум виновен за се, јас сум виновен за корона кризата, јас го донесов вирусот од Кина. Но, дајте, исправени сме пред сериозни одлуки. Да го фатиме првиот можен момент”, кажа Заев за ТВ Стар.
21.05.2020 - 17:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа