Арсовски: Ден Дончев изрекетирал 824.000 евра од фирмата Диамед

 

Венко Филипче и Ден Дончев важат за едни од најблиските луѓе и соработници на Зоран Заев. Истите двајца Ден Дончев и Венко Филипче се замешани во безброј скандали и афери, но еден од најкоруптивните случаеви на оваа Влада што ги поврзува и двајцата е случајот РЕКЕТ 2, случај преку кој изнудувале пари од фирмата Диамед, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Јавното Обвинителство потврди дека против Ден Дончев се води истрага и има поднесено кривична пријава. Ден Дончев изрекетирал 824.000 евра од фирмата „Диамед“. Замислете, Ден Дончев, изрекетирал од фирмата Дијамед 824.000 евра, само за да им ги врши навремено исплатите коишто законски им следуваат на оваа фирма која се занимавала со дијализа. Зошто јавноста откако дозна за овој случај, со право го поврзуваше и Зоран Заев како дел од овој рекет? Затоа што човекот кој ги земал парите од фирмата Дијамед и ги разнесувал, бил истиот што е осуден веќе во случајот Рекет 1 каде што ги зема парите во Луј Витон торбата. Очигледно главата на октоподот Зоран Заев, еден ист човек користел за собирање на рекетот од бизнисмените. Истите Ден Дончев и Венко Филипче се обидоа насилно да спречат продажба на фирмата „Дијамед“ на странска компанија, бидејќи биле свесни дека нема да можат понатака да рекетираат компанија од ЕУ и ќе бидат разоткриени, а понатаму и ќе одговараат, истакна тој.

Арсовски потенцира: „824.000 евра е сумата којашто Ден Дончев ја изрекетирал потенцирам од фирмата Дијамед, за да истиот Ден Дончев исполни обврски кои му налага законот како директор на Фондот за здравство. Ова се докази кои веќе се во обвинителството и за кои се води постапка и веќе и јавноста е запознаена преку медиумите, од ова нема бегање“.

-Знаејќи го сето ова Зоран Заев, уште јавно вели дека Ден Дончев се повлекува од приватни семејни причини, бидејќи мора да се сели во Австралија, земјата од каде што дојде да работи тука. Со ова Заев однапред ни најави кој му е следниот планиран чекор на Ден Дончев откако ќе се отворат границите. Коруптивноста и криминалот се главната работа којашто ја извршуваат функционерите на СДСМ. Три години ништо друго не прават единствено се занимаат со криминал и корупција, но не да спречат туку самите да реализираат. За овој криминал мора да одговараат и тоа веднаш штом Заев си замине и ги ослободи канџите од правосудството, вели тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега