Силјановска: Очекувам во јуни, од полициски час да нè втурнат на гласање

 

Истражувачкиот дух на несудениот нобеловец, г-динот Зоран Заев, не мирува, пишува професорката Гордана Силјановска Давкова, додавајќи дека тој се обидува да докаже дека е можно од вонредна состојба, со партиска мотка да скокне(ме) на рани избори.

Ризичниот експеримент ќе го тестира за време на Рамазан Бајрам и Св. Кирил и Методиј, кога, по 58-часовен карантин, ќе треба да направиме квантен скок во кафана!

Очекувам во јуни, од полициски час да нè втурнат на гласање, кое ќе го мониторира „непартискиот“ ЦИВИЛ, жртвувајќи се за „функционална демократија во „МК.Скопје“!, пишува Силјановска Давкова.

Професорката коментира дека ако победи на еднопартиските „избори“, г-дин Заев ќе добие Нобелова награда за квантен скок во 1994, па дури и во 1949 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега