Касами: Ако не јуни или август, избори во јули

 

Дебатата кај претседателот беше многу долга и жешка. Некои од лидерите кои седнаа на главната маса не се спремни да се соочат со ситуацијата дека треба да се организираат избори. Ние мора да најдеме начин да се соочиме со КОВИД-19 и да го организираме и политичкиот живот во овој дел, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Билал Касами, лидер на движењето Беса.

Да се стави општиот пред партискиот интерес.

-Во вакви околности треба да дојде до израз државниот и интересот на граѓаните. Освен во здравствениот дел, ќе се соочуваме и со економскиот проблем. Не знам дали има политичар со здрав разум кој би сакал да седне во некој фотеља и да биде комотен како до сега. Затоа ценам дека сме во ситуација кога не треба да се трга од партискиот интерес, туку од општиот интерес како да организираме избори, да имаме политичка влада и Парламент како коректор на оваа Влада, вели Касами.

Компромис за датумот за избори.

-Свесни сме дека во наредниот период ќе се соочуваме со економскиот дел. Ќе треба да се задолжуваме најмалку 2.000.000.000 евра. Затоа цениме дека треба да имаме Парламент. Затоа цениме дека најбрз можен рок во согласност со Уставните норми е да организираме избори. Но, тоа мора да биде со сите чинители. Ценам дека не сме до толку далеку за да не се договориме. Ако не јуни или август, со заладени глави може да има компромис и тоа да биде почетокот на јули, вели Касами и додава дека ВМРО-ДПМНЕ мора да биде свесна дека Македонија мора да оди на избори во време кога нема проценка дека Македонија ќе има нула инфицирани.

Говорејќи околу коалицијата со СДСМ, Касами смета дека Македонија кога е пред вратите на ЕУ и членка на НАТО, треба да се гледа чекор понапред и овој потег (коалиција со СДСМ) е одлично прифатен кај албанскиот електорат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега