ВМРО-ДПМНЕ: Во изминатите 5 дена има 118 заразени и 14 починати, а Заев сака избори на кои наместо гласови ќе се бројат заболени и починати

 

Во Хрватска која има двојно повеќе жители од Република Македонија вчера беа регистирани само 2 случаи на новозаразени, a во Македонија 19, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Хрватска која има двојно повеќе жители вчера немаше ниту еден починат, а во Македонија 4.

Словенија пак има регистрирано само 1 заболен и еден починат од опасниот коронавирус.

Тоа е 20 пати повисок број на заболени, а Заев и Филипче тврдат дека сме безбедни и може да одиме на избори.

Со планот на Заев за брзи избори тој уште еднаш ја потврди омразата кон сопствениот народ, народ кој го навредуваше и пцуеше, народ на кој му донесе само порази.

Заев сака избори на кои наместо гласовите ќе се бројат заболени и починати. состојбата во Македонија со коронавирусот од ден во ден се влошува, реалноста денес е полоша и од март кога впрочем беше прогласена вонредната состојба

Состојбата е алармантна имајќи ги во предвид официјалните статистички податоци дека во изминатите 5 дена во Македонија се регистрирани 118 заболени, а починати се 14 лица. Уште повеќе загрижува е тоа што бројот на тестирани наместо од ден во ден да е се поголем тој се намалува.

Додека власта се фали со успешно справување со корона кризата во Македонија фактите говорат за тоа дека Македонија е на прво место во регионот по смртност на милион жители и по бројот на заразени, истовремено Македонија бележи најмал број на тестирани на милион жители.

Зоран Заев уште еднаш покажа и докажа дека политичката кариера му е поважна од здравјето на граѓаните, дури и по цена на човечки жртви.

 

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи корона избори. цела Македонија го виде вистинското лице на Зоран Заев и казната од граѓаните ќе го стигне порано или подоцна“ велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега