Спасовски: Македонските пожарникари се олицетворение на стремежот на нашето општество

Денес e ден на пожарникарството во Република  Македонија.

По овој повод премиерот Спасовски им го честиташе празникот и напиша дека треба да бидеме постојано со мислата со нив затоа што секој нов ден пожарникарите го ставаат сопствениот живот во заштита на животот и имотот на сите наши граѓани и на нашата заедница.

-Ова е ден кога ја изразуваме нашата посебна и длабока благодарност за нивниот придонес за безбедноста на сите нас.

Да се сетиме дека нашите пожарникари беа во најголем број дел од тимовите од нашата земја што учествуваа во спасувачките акции заради земјотресот во Албанија минатата година и нивниот ангажман никогаш нема да биде заборавен како факт дека секогаш остануваме со подадена рака за поддршка и за нашите соседи.

Македонските пожарникари се олицетворение на стремежот на нашето општество во чија суштина е спасувањето, помагањето, пожртвованоста солидарноста.- напиша Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега