Заев: Картички вредни 9.000 денари за 100.000 граѓани, ја стимулираме понудата на домашни производи со директна поддршка од државата
Со третиот пакет економски мерки се воведуваат картички вредни 9.000 денари за околу 100.000 граѓани, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
„Ја стимулираме понудата на домашни производи со директна поддршка од државата:
-Платежна картичка од 3.000 денари за купување на домашни производи и услуги.
-Го поддржуваме домашниот туризам! Се воведува ваучер вреден 6.000 денари за користење во домашните хотели и други сместувачки капацитети.
-Парична поддршка дo 6.000 денари за млади од семејства со ниски приходи. Средствата се наменети за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување.
-Платежна домашна картичка од 3.000 денари за домашни производи и услуги за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и средношколскиот стандард“, напиша Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа