Судска медицина утврди како починал возачот на тракоторот кој се преврте кај Кочани

 

63 годишниот Миле Давитков имал пукнат череп и починал на лице место. Ова се првичните резултати од обдукцијата направена во Штип  врз телото на човекот кој на 1-ви мај го управувал тракторот полн со деца. Сите материјали кои се земени во штипската болница се испратени на дополнителни испитувања во Институтот за Судска медицина во Скопје.

На институтот треба да се дознаат точните причини за големата сообрачајна несреќа кај кочанско Оризари. Ќе бидат направени прецизни токсиколошки и хистолошки анализи за да се расчистат шпекулациите дали возачот на тракторот кој ги превезувал децата бил пијан или имал здравствени проблеми поради што изгубил контрола врз возилото.

Првичните информации од полициското вештачење покажаа дека тракторот се движел во трета брзина. Сите наоди и од Судска и од МВР  треба да бидат доставени до Истражн судија.

Во меѓувреме најголем дел од повредените полека се опоравуваат. Едно од двете деца кои беа примени  во градската хируршка болница св. Наум Охридски е пуштено на домашно лекување. Се подобрува здравствената состојба и на второто дете кое во Градска беше примено со потешки повреди. Другите 8 деца кои се на лекување во Скопските клиники се чувствуваат подобро. Единствено нема промени во соостојбата на најтешко повреденото 14 годишно девојче кое уште е во кома и дише со помош на апарати на КАРИЛ. Има сериозни повреди на главата и градниот кош. Нејзината другарка која е повредена во пределот на слабината е подобра, но ќе остане уште некој ден  во центарот за интензивно лекување. Во стабилна сосотојба се и 5-те деца  хоспитализирани на клиниката за Неврохирургија, како и детето кое е на клиниката за Пластична хирургија.

Во приколката на тракторот се превезулале 16 деца како и сопругата на Давитков која почина на пат кон скопските клиники. Неколку од повредените деца биле внуци на загинатите  сопружници.

најчитано сега