Српска манекенка објави дека била жртва на семејно насилство: Ме тепаше додека бев бремена (ВИДЕО)
Српската манекенка Сандра Обрадовиќ објави емотивно видео на Инстаграм кадешто тврди дека трпела семејно насилство и оти поранешниот невенчан сопруг Владимир Бабиќ ја претепал.
-Собрав сили да признаам дека сум жртва на психолошко и физичко насилство веќе две години од страна на таткото на моето дете. Насилството почна додека бев бремена, кога повеќе пати завшив во болница, сведочи Сандра.
Вели дека е свесна оти некој ќе рече дека е наивна, но како што пишува, тогаш верувала дека по породувањето работите ќе се смират и променат, но тие тргнале на полошо.
-Освен што ме навредуваше, понижуваше, омаловажуваше, говореше и дека ќе ми го одземе детето, дека ќе ме убие, дека ќе го потплати цел град и оти има врски и познанства во сите државни установи, како и медиуми. Ми рече дека има толкава моќ да ме претстави како најлоша личност, мајка и оти ќе ме смести во лудница. И покрај сето тоа собрав храброст и сили и одлучив да му верувам на правниот систем, напиша Сандра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа