Милошоски: Во изборите се вклучени многу страни и со избори по предлог на СДСМ може само да се разгори корона кризата
Партиите треба да вложат труд за да се постигне консензулаен договор за датум безбеден и можен за одржување на избори со сите регулнаости и на тоа треба да се работи, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алсат М.
Тој укажа дека бројката на новозаболени не се намалува и дека за четири дена има девет починати лица.
-Ваквите осцилации што се случуваат, а изборите се процес во кој се вклучени многу фактори како медиумите, набљудувачите, тоа ќе создаде само поголем ризик и наместо да ја сузбиеме епидемијата, ние само ќе ја разгориме со избори според предлог на СДСМ. Затоа ние цениме според процени на лекарите дека изборите да се одржат на крајот на август до средина на септември, рече Милошоски.
Милошоски укаѓа на што се базира нивната проценка за избори на 23 август или до средина на септември.
-Ова го базираме на неколку постулати. Првиот е здравствениот, вториот Државната изборна комисија и роковникот и третиот, набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР. Еве од ОБСЕ/ОДИХР викаат кажете ни датум кога ќе има избори и ние ќе кажеме во кој формат може да испратиме мисија и може да кажеме 21 јуни. За 21 јуни моѓе да ни кажат дека можат само 30 набљудувачи да испратат, а ако е според нашите проценки бројката може да биде и 300 што е вообичаена бројка, рече Милошоски.
Тој се повика и на изјава на член на ДИК.
-Од ДИК една госпоѓа рече дека за нив 22 дена не се доволен рок да организираат легитимни избори. И ова треба да се земе во предвид, изјави Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа