Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за избори, но тие избори мора да се со целосна заштита на здравјето на граѓаните

 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дебатата со неговата колешка од СДСМ, Радмила Шекеринска рече дека ВМРО-ПДМНЕ е за избори, но изборите кои ќе вклучуваат целосна заштита на здравјето на граѓаните.

-Нашите предлози се 23 август, 30 август и 13 септември возможно беше и 6 септември, но имајќи предвид дека е националниот празник 8-ми септември и ќе е продолжен викенд затоа ги даваме овие три опции. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно за избори, вусшност и ние сакаме да одиме на избори за да успееме и да формираме влада и тоа е целта на нашата политичка партија и од таа страна не треба да има дилема што мисли ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски.

Вели дека неговата партија ќе оди на избори ако има целосна заштита на здравјето на граѓаните.

- Со гаранција дека нема да имаме новозаболени и мртви заради гласањето, со гаранција или извесност дека нема да имаме новозаболени и мртви заради кампањата, со доволна информативност на граѓаните што е една од основните пилари на едни фер и демократски и со голема партиципативност на граѓаните на истите избори затоа што ова брзање на СДСМ нас ќе не одведе во избори без кампања, во избори во кои што граѓаните нема да можат да ги слушнат граѓаните ниту да ги видат кандидатите на политичките партии и ќе не одведе до ситуација кога излегувањето на избори ќе значи ризик по живот на граѓаните. Многу граѓаните три пати ќе размислат дали да излезат што може да не доведе до ситуација очајно ниска излезност што ќе го доведе до прашање целиот кредибилитет на изборниот процес, истакна Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега