Јанушев: Губитникот Заев жртвува човечки животи за спас на партиската кариера

 

Зоран Заев остана сам во своите ставови и барања како политичар со намера да ртвува човечки животи, за да си ја продолжи партиската кариера! Рече на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Зоран Заев е исплашен човек кој што знае дека губи. Обземен од страв, Заев бара брзи избори по цена на ширење на смртоносна зараза. Заев е спремен да гази по трупови за да си ја зачува партиската фотелја. Заев е исклучително нервозен и изолиран, единствен политичар кој што не води сметка за човечките животи! Зоран Заев посакува да го однесе народот на гиљотина со брзи избори среде пандемија! Обземен од страв од неминовниот изборен пораз, сака да ги жртвува животите на граѓаните само во обид за спас на својата кожа. Играше ол ин со државата, играше ол ин со достоинството, сега сака да игра ол ин со животите на луѓето. Заев бара избори во време на полициски час, бара избори додека границите се затворени, бара избори при десетици дневно новозаболени, бара избори при затворени фабрики и погони, бара избори без прочистен избирачки список, бара избори без протоколи за однесување. Заев бара избори, бидејќи се грижи единствено за себе! Нервозата кај Заев е очигледна, тој знае дека губи, посакува среде најголемата жестина на смртоносната епидемија да организира некредибилни криминогени избори со мала излезност. Заев сака да организира избори кои ќе покосат човечки животи, и во тоа е единствен, изолиран и осамен. Дури и неговите сопартијци знаат дека кризата не е намалена и дека со тоа би се довеле во опасност граѓаните. Само Заев посакува избори по цена на броење на човечки жртви! Ниту еден од условите за одржување на кредибилни избори не се исполнети! Заев не ги почитува ниту мислењата од ДИК, ниту од меѓународните набљудувачки мисии, ниту ги почитува релевантните медицински препораки. Без анализа и без реални параметри колку изборниот процес ќе предизвика нови жртви, нови заболени, без грижа за директно вклучените, гласачи, кандидати, членови на избирачки одбори, набљудувачи и итн. 54 изборни процеси во светот, од кои 21 во Европа се одложени, само Заев сака избори сега! Тоа повеќе не е ниту хибриден режим, тоа е болен авторитаризам! Заев е заминат во историјата и тој тоа го знае. Заев не може да одлучува за судбината на граѓаните. Заев е поранешен премиер кој што ќе остане запаметен како човек кој ги предал интересите на државата и нацијата, кој што ја девастираше економијата, и човек чија што политичка кариера ја завршува со барање за газење врз човечките животи и ширење на смртоносна зараза! Избори во јуни НЕМА ДА ИМА! ВМРО-ДПМНЕ е различна, ВМРО-ДПМНЕ се грижи првенствено за здравјето на граѓаните. Изборите ќе се случат кога ќе се намали односно ќе се нормализира здравствената криза, кога ќе се извршат вистински тестирања кои нема да покажуваат толку голем број на новозаразени. Ќе има избори кога нема да биде загрозено здравјето на граѓаните. Сите релевантни здравствени показатели велат дека тоа ќе се случи кон крајот на летото, истакна Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на изборите. Но не по секоја цена, не по цена на ширење на заразата, не по цена на здравјето, и не по цена на вашите животи, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега