Заев: Не сакаме бојкот, ниту на кампањата, ниту на изборите

 

На прес-конференцијата во седиштето на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека не посакува никој да ја бојкотира кампањата, затоа што такво сценарио воопшто не е посакувано.

– Не може да има бојкот на избори од никој. Сите поднесоа кандидатски листи, кандидатите потпишаа изјави на нотар, ДИК ги прифати тие листи, а потоа сите добивме бројчиња. Изборите се веќе јасно дефинирани. А тоа дали некој ќе ја бојкотира кампањата, верувајте дека не сакаме никој да направи такво нешто. Граѓаните нека ги ценат аргументите, ние остануваме отворени за разговор – изјави Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега