Заев: Законот вели дека изборите треба да се одржат 22 дена по вонредната состојба, на 21 јуни
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека во околности кога и на втората лидерска средба лидерите не се договориле за датум за избори, останува да се следат и почитуваат законските решенија со кои е предвидено изборите да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба.
-Вонредната состојба завршува на 30 мај, на 21 јуни се изборите. Прашањето не е што сакаме, кога нема договор, во секоја земја останува закон и владеење на правото. Мора да се почитуваат законите, а законот вели изборите се на 21 јуни. Тоа може да се одложи ако се продолжи вонредната состојба, но за таа да продолжи мора да има сериозен аргумент. Треба изборите да се одржат согласно законските рокови – изјави Заев во интервју за телевизија „Канал 5“.
Тој потсети дека првичниот договор е на избори да се оди на 12 април, датум кој се одложи поради пикот со корона вирусот.
-Изборите се веќе распишани, Парламентот е распуштен, кандидатските листи се поднесени и прифатени, имаше и ждрепка за бројките на гласачкото ливче – додаде Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа