Славески: Реализацијата на капиталните инвестиции е слаба точка на оваа Влада
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во вечерашното гостување во „Топ тема“ рече дека реализацијата на капиталните инвестиции беше на катастрофално ниво и во нормални услови и токму поради оваа причина тој изрази сомнеж дека годинава реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде на задоволително ниво.
Причината за ова Славески ја гледа во слабата подготвеност на проектите и и некапацитетноста на Владата.
-Реализацијата на капиталните инвестиции во нормални услови се покажа како ахилова пета на оваа Влада. Мислам не треба да се дискутираат. Да се потсетиме на дебати во ова студио и одгласи во јавноста дека имаме многу низок степен на реализација на капитални инвестиции и мислам ги знаеме причините нели, слаба подготвеност на проектите, некапацитетни тимови на буџетските корисници, истакна Славески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа