На премиерката на Нов Зеланд не и било дозволено да влезе во ресторан, а нејзиното однесување ги воодушевило сите

 

Ресторанот "Olive" веќе бил полн, па на премиерката и нејзиниот партнер Кларк Гејфорд им било кажано дека мора да почекаат.

На премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, не и било дозволено да влезе во популарниот ресторан во Велингтон поради почитување на мерките за социјално дистанцирање во екот на пандемијата на коронавирусот. 

Како што пишува "Guardian", ресторанот "Olive" веќе бил полн, па на премиерката и нејзиниот партнер Кларк Гејфорд им било кажано дека мора да почекаат.

"Премиерката Џасинда Ардерн се обидела да влезе во "Olive" и била одбиена бидејќи локалот бил полн", напишал на Твитер корисник по име Џои.

Твитот бил проследен со емотикон кој наговестува дека корисникот е ужаснат од фактот дека за премиерката немало место.

Портпаролот на владата на Нов Зеланд изјавил дека чекањето да се влезе во ресторан е нешто на секој може да му се случи додека траат мерките против ширењето на вирусот.

"Премиерката вели дека ќе чека како и сите останати", рекол портпаролот.

Сопственикот на ресторанот за "New Zealand Herald" рекол дека немало исклучоци кога станувало збор за Ардерн и потврдил дека менаџерот на ресторанот не им дозволил да влезат.

Менаџерот сепак потрчал по нив по улицата по неколку минути, кога се ослободила маса.

"Јадеа и заминаа по час и половина. Беше прекрасна кон вработените, а беше третирана како нормален клиент", рекол сопственикот на ресторанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2020 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега