СДСМ: Пропаднатиот Мицкоски се плаши од граѓаните и затоа бега од избори
За СДСМ како одговорна и државотворна партија врвен приоритет биле и се заштитата на интересите на граѓаните и државата,велат во соопштение од СДСМ.
„Благодарение на брзата и навремена реакција вклучително и сите мерки кои се презедоа, нашето јавно здравство одлично се справи со досегашниот тек на епидемијата.
Втора брза и навремена реакција претставуваат мерките и политиките кои овозможуваат брза трансформација на економијата и што е можно побрз процес на опоравување на економијата.
Сега потребни се избори заради здравјето на граѓаните, новата економија и демократски, целосно функционални институции со полн легитимитет.
Избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето е одговорно.
Очигледен е стравот кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои бегаат од избори затоа што се плашат од соочување со граѓаните.
Сакаат неизвесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.
СДСМ нема да дозволи пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза.
СДСМ била и останува на страната на граѓанитe стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа