Заев: Во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1

 

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени.

– Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации, наведува Заев

Тој посочува дека економскиот совет на СДСМ го финализира и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

– Владата предводена од СДСМ преку трите сета мерки ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот, додава Заев во објавата на Фејсбук. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега