Кога последен пат сте ја исчистиле четката за коса - што сè има во неа и како совршено да ја измиете
Популарната Софи Хинчиклиф тврди дека четката за коса треба да се исчисти барем еднаш месечно и го споделила својот метод за отстранување на нечистотиите од неа.
Започнала со отстранување на сите влакна, а потоа со чешел поминала преку четката за да се увери дека сè е извадено. Следниот чекор е мијалникот да го наполните со жешка (но не зовриена) вода, а потоа четката да ја ставите во водата за добро да се намокри.
Госпоѓа Хинч потоа во водата додава една лажица средство за плакнење и една лажица оцет, бидејќи тврди дека тоа помага во отстранување на бактериите и микробите. Оставете ја четката да стои во водата најмалку еден час.
За тоа време ќе забележите како бојата на водата се менува, бидејќи четката ги испушта сите насобрани нечистотии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа