Владата ќе им дава пари за трошење на граѓаните

Владата обезбедила 18 милиони евра, пари за поддршка на над 100 илјади граѓани, објави Алсат-М. Лицата кои ќе земат пари ќе мора да исполнуваат одредени услови, а приоритет секако ќе имаат невработените.

Неофицијалните информации кои пристигаат од Владата велат дека ќе се делат платежни картички со кои ќе може да се пазарува во маркетите, угостителските објекти, но и да се трошат за разни услуги како во фризерски и козметички салони. Ова е дел од третиот сет на владините мерки за помош на економијата во кој се предвидени околу 350 милиони евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега