Осум болни од коронавирус се лекуваат во кумановската болница

На Инфективното одделние во Кумановската болница хоспитализирани се 8 болни од коронавирус, објави САКАМДАКАЖАМ. Според началникот на оддлението Азиз Бајрами, кој и самиот беше позитивен на коронавирусот, сите пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен една која е на кислородна поддршка.

 

Директорката на Кумановската болница Снежана Захариева вели дека последната недела постои тренд на опаѓање на хоспитализирани пациенти на Одделението за инфективна нега и бројот не преминува преку 10, а во екот на пандемијата имало и повеќе од 35 само на едно од одделенијата.

 

„Во моментот имаме 8 пациенти, од кои двајца се позитивни, а другите шестмина се негативни, меѓутоа лежат затоа што им е продолжена терапијата до целосно оздравување. Некои имаат услови да бидат пуштени дома, но сепак ќе почекаме да ја видиме клиничката слика и лабораториските резултати“, вели Захариева.


Таа додаде дека сите здравствени работници кои биле позитивни на коронавирус се оздравени и вратени на работа, сите оддели се екипирани и чекаат насоки од Министерството за здравство да ги отворат амбулантите за пациентите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега