Вработени во фабрика во Брвеница и магацин во Сарај и 21 член на семејство од Сингелиќ се дел од заразените од Ковид 19

Од Министерството за здравство денеска соопштија дека беа регистрирани 29 новозаразени со коронавирусот во Македонија, а според извори на „Фокус станува збор за нови кластери, а не за веќе постоечки и нивните контакти.

Меѓу нив е и вработена во магацин во скопски Сарај чија мајка била заразена со корона вирус, па таа заразата ја пренела на уште четворица колеги, кои работеле со неа. Исто така, пред некој ден во Сингелиќ само во едно семејство има 21 носител на опасниот вирус.

Директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери за „Фокус“ вели дека лошото е тоа што станува збор за нови кластери, а не за веќе постоечките и дека ги има речиси во сите општини во Скопје.

„Се тоа се должи на олабавувањето на мерките, со оглед на тоа што луѓето се опуштија и не внимаваат. Тоа беше и очекувано да се случи. Ние го имавме присутен вирусот во април, зошто не би го имале во мај. Заболени има речиси во сите општини, а мислам дека така ќе продолжи и следниот период – тврди Зибери.

Во однос на Тетово, таму има вкупно четворица позитивни на Ковид 19 во фабрика во Брвеница. Според нашите информации, првата е од 26, додека втората е од 29 април.  Првата е веќе излекувана со два негативни бриса, додека за втората вчера е земен прв контролен брис и се чекаат резултати. Од нив, има вкупно 15 контакти, од кои 10 вработени и пет од семејствата.

Исто така, во истата фабрика од 8 мај се потврдени уште двајца носители на вирусот и од нив се вкупно 14 контакти, 12 вработени и две од семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега