Разгледани се можности за помош на Македонците во Голо Брдо и Преспа

Премиерот Оливер Спасовски денеска се сретнал со Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Република Албанија и претседател на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Република Албанија, со кој разговарале за начинот на кој се справуваат со здравствено-економската криза Македонците кои живеат во Голо Брдо и Мала Преспа, објави премиерот на својот фејсбук профил.

-Добрите меѓудржавни односи на Северна Македонија и Албанија имаат одраз и во грижата за подигнување на квалитетот на живот на Македонците во Република Албанија, преку проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во местата во коишто живеат, напиша премиерот Оливер Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега