Филипче: Пациентите со коронавирус од „8 Септември“ ќе се преместат во Инфективната клиника

Министерството за здравство прави план, со кој, сите пациенти заболени од коронавирусот кои се лекуваат во болницата ‘8 септември” ќе бидат преместени на лекување во Инфективната клиника. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека целта е целосно да се ослободат капацитетите на ГОБ ‘8 септември’ за пациенти со други заболувања, иако и досега имаше патека за движење на лица кои немаат коронавирус.

„Во болницата ’8 септември’ има патека за пациенти кои не се заболени од Ковид-19, цело време за време на оваа криза. Интензивна нега, ќе кажам, е чиста на некој начин, има операциони сали и болнички кревети за таа намена. Во ниту еден момент не е компромитиран овој друг, работен процес. Тоа што сега се прави оној распоред на пациентите во клиниките, да евентуално се ослободи капацитетот на болницата ‘8 септември’ целосно, со оглед на тоа што сите пациенти можат да се лечат на Инфективната клиника, меѓутоа, на тоа интензивно работиме изминативе денови“, рече Филипче.

Инаку, министерот соопшти дека и натаму останува на сила забраната, хронично болните да не одат на работа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега