Осумчлено семејство од Тетово се бори за живот - се отруле од печурки

Осумчлено семејство од Тетово е во тешка состојба откако изеле отровни печурки, јавува zdravstvo24.mk. Вчера попладне со возила на Брза помош биле донесени на клиниката за Токсикологија. 5 лица од поширокото семејство се во критична состојба и се борат за живот. Меѓу затруените има и 5 месечно бебе. Отровот од печурките му го пренела мајката преку мајчиното млеко. Бебето е хоспитализирано на клиниката за Детски болести, а останатите членови од поширокото семејство се на одделот за интензивна нега на Токсикологија и се под постојан надзор на лекарите од  клиниката, велат за zdravstvo24.mk извори од Токсикологија. Печурките кои ги изеле се од родот amanita virosa и се едни од најотровните. Слични се на шампињоните. Им ги донел нивни роднина. Ги собирал на Шар Планина. Според токсиколозите отровните печурки предизвикуваат сериозни оштетувања на црниот дроб и бубрезите, а последиците може да бидат и фатални. Вакво помасовно труење со печурки немало повеќе од 7 години.

22.10.2013 - 15:26

најчитано сега