Ќе „грми“ на предвремените избори на пролет

Лиедрот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски најави дека неговата партија од вчера е легитимен политчки субјект со сите партиски тела. Јакимовски, веднаш побара од власта организирање на предвремени парламентрани избори заедно со претседателските. Своето барањего образложи низ три точки. 

-Ние, рече претседателот на ГРОМ, во 2013 година имавме локални избори што практично значеше дека од 11 јануари до 24 април ние имавме техничка влада. Тоа значеше дека ниту можеше да се носат некои одлуки, ниту закони, а сето тоа се пренесува врз работата на локалната сампоуправа. Догодина исто така ќе имаме претседателски избори и исто толкав период техничка влада. Потоа во 2015 редовни паламентарни избори, што значи дека во 36 месеци ние практично 12 месеци ќе имаме техничка влада, што е исклучително неповолно за земјата. Доколку и мислиме добро на државата, нагласи Јакимовски, тој процес треба да се скрати и напролет треба да имаме истовремено и претседателски и парламентарни избори.

„Втора битна работа за нас, рече претседателот на Граѓанската опција за Македонија, е дека доколку одиме само на претседателски избори, ќе имаме проблем со цензусот, а во тој случај освен што ќе имаме сериозна политичка криза, ќе се доведеме во ситуација да имаме и уставна криза.

 

Последната трета битна  работа за нас, зашто треба да имаме предвремени парлементарни избори, е зашто имаме застој во евроатланските интеграции, економската состојба не ни е онаква каква што очекуваа граѓаните и каква што посакуваме. Освен тоа, има сериозен застој во политичкиот дијалог, а по оставката на Борис Кондарко од функцијата претседател на Државната изборна комисија, политичките конфронтации ќе ескалираат. Затоа, ставот на ГРОМ  е дека најдобро напролет народот да се изјасни дали оваа власт треба да стане  натаму или ќе дојде до смена на власта за да се разрешат многу проблеми во Република Македонија“ - рече Јакимовски

22.10.2013 - 14:54

најчитано сега