Ноле и Јелена ќе се венчаат на брегот на Јадранското море?
Тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата свршеница Јована Ристиќ сакаат својата свадбената церемонија да биде на Јадранското море.
И покрај тоа што сеуште не е официјализирана одлуката, сепак се зборува дека се размислуваат за Свети Стефан или на Милочер. Венчавката би била веднаш после најпрестижниот тенсики турнир кој на програмата е од 23 јуни до 6 јули 2014 година, иако се разгледуваат и други опции, како 22 мај на денот на роденденот на Новак и на есен после УС Опен.
Според пишувањата на српските медиуми матичарот би можел да се појави на Кралската плажа, некогашен летниковец на кралицата Марија Караѓорѓевиќ и кралот Александар. Таа е една од најубавите на југот од Јадранот, долга е 120 метри и е опкружена со чемпреси и маслинки. Пристапот до плажата е можен само со чамец, па им гарантира мир и приватност за време на церемонијата.
За црковната венчавка, на самиот полуостров Свети Стефан се наоѓаат три помали цркви. Една од нив е Свети Стефан, а во непосредна близина е и манастирот Прасквица кој минатиот месец одбележа 600 години постоење.
Новак и Јелена се свршија на 23 септември, на денот кога Ѓоковиќ прослави 100 недели на АТП листата.