Пуштена е во употреба улицата „Питу Гули“ во населбата Водно
Пуштена е во употреба реконструираната улица „Питу Гули“ во скопската населба Водно.
- Првпат откако постои населбата, поставена е нова фекална и атмосферска канализација и интервенирано е во водоводната мрежа. Комплетно е реконструиран и коловозот со површина од 2.160 метри квадратни или 340 метри должина. Обновени се и тротоарите со површина од 1.340 метри квадратни и канделабрите. Целата инвестицијата е 13.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Центар, рече градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
Градоначалникот на општина Центар им се извини на граѓаните поради доцнењето со изведувањето на проектот бидејќи, како што рече, првата фирма изведувач на време не ја заврши работата. Во текот на работите пукна и цевката која ЈП „Водовод и канализација“ ја немаше заменето 50 години.